Традиционалната манифестација  со која се слави пијанечкиот бренд- сливата, оваа година ќе се одржи на 29 септември, петок, а официјалното отворање на манифестацијата во која е предвидена и богата културно-уметничка програма ќе започне во 12 часот. Во рамките на манифестацијата се предвидува пред летната сцена да се прикаже подготовката на сите традиционални производи од слива карактеристични за овој крај, но и да се дегустира финалниот производ. На едно место на отворено во Делчево ќе се слави традицијата на печење сливова  ракија, ќе се подготвува мармалад и слатко од сливи, а на штандовите ќе се изложат традиционалните производи подготвени по старинските рецепти, но и модерните рецепти кои ќе можат да се купат и да се дегустираат на лице место.

За учесниците се предвидени награди. Во категоријата највесела ракија се предвидени две награди, првата во износ од 8 илајди денари, а втората 6 илјади, додека највкусниот мармалад или слатко ќе се наградат со 3 илјади денари. Исто така, посебна награда во износ од 3 илјади денари, ќе се додели за најдобро украсен штанд.

Заинтересираните за учество во манифестацијата можат да се пријават во Општина Делчево и НУЦК „Никола Јонков Вапцаров” најдоцна до 28 септември. Јавниот повик за учество со повеќе детали за настанот можете да го преземете од веб-страницата на Општина Делчево и фб-страницата на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров”.

Организатори на манифестацијата се Општина Делчево и НУЦК „Никола Јонков Вапцаров” Делчево со финансиска поддршка е од Министерството за култура на РСМ.