Со поставување тартан подлога денес започна изградбата на повеќенаменското спортско игралиште во населба Балканска. На игралиштето предвидено е уредување на  простор за фудбал и кошарка, а во текот на наредните денови ќе се работи и на поставување заштитна ограда и целосно осветлување, рече денес градоначалникот Иван Јорданов, при увид на работите на терен.

  • Во наредните денови ќе се работи на повеќенаменско спортско игралиште во населба Балканска за фудбал и кошарка, ќе се поставува и заштитна ограда и целосно осветлување на овој спортски терен кој што е барање на жителите со специјализирана тартан подлога. Одлучивме во наредниот период да се вложат средства од парите на граѓаните во населба Балканска, потенцираше градоначалникот Јорданов.

Според неговите зборови нешто повеќе од два милиони денари од буџетот на општината ќе бидат инвестирани во оваа населба, при што по завршување на спортскиот терен ќе се пристапи кон асфалтирање улици како и кон осветлување на делови од населбата.

  • Ќе се насочиме кон асфалтирање на неколку улици во населба Балканска по барање на овдешните жители и со ова ќе ги удоволиме сите нотирани проблеми кои тие нам ни ги посочија. Ќе се осветлува дел од населбата а и ќе се проширува влезниот пат во самата населба, посочи градоначалникот на Општина Штип.

До крајот на годината повеќенаменски спортски игралишта ќе добијат сите населби во општината, потенцираше Јорданов.