Хортикултурно уредување, поставување на павер елементи, клупи и урбана опрема е дел од севкупното уредување на т.н мини плоштад во една од најголемите населби во градот, населбата Сењак, кое Општина Штип ја чинеше 600.000 денари.

Потребата за уредување на овој простор се наметна сама по себе по третирањето и уредувањето на главната крстосница во оваа населба, рече градоначалникот Иван Јорданов.

  • Одлучивме да го уредиме овој простор со павер елементи, со поставување на клупи, урбана опрема и хортикултурно да го уредиме просторот, кој што се надевам дека граѓаните ќе го користат, вели Јорданов.

Тој нагласи дека во наредниот период активностите во оваа населба ќе бидат насочени кон уредување и асфалтирање на површина во близина на главната крстосница , која долги години наназад локалното население ја користи како паркиралиште, со што ќе се модернизира и урбанизира еден од најфреквентните делови во градот.