Модерни и современи детски реквизити ќе ги заменат веќе постоечките во паркот кај Порта Пролет

Нови модерни и современи детски реквизити, кои ќе ги заменат веќепостоечките и амортизирани, ќе бидат поставени во паркот кај Порта Пролет, најави градоначалникот Иван Јорданов, додавајќи дека за оваа цел од општината се издвоени вкупно 500 илјади денари, а активностите се веќе започнати.

  • Ќе бидат едни од најсовремените и најмодерните детски реквизити какви што до сега нема поставено во ниту еден парк, во ниту еден дел од градот. Ќе бидат поставени токму во овој парк затоа што сметаме дека е еден од најпосетените во градот, истакна градоначалникот Јорданов.

Јорданов нагласи дека како што беше најавено, во наредниот период продолжува реализацијата на проектот за осветлување и хортикултурно уредување на кејот на реката Отиња, со цел да се подобри едно од најубавите места и локации во градот.