На ден 30.05.2023 (вторник) Општина Штип преку овластена фирма на територијата на општината ќе спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците.

Запрашувањето ќе се врши во периодот од 01 до 07 часот наутро со апаратура за УЛВ ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња и подрачја околу каналниот систем на територијата на општината, урбаните населби и локалитети.

Од општината информираат дека во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд и др.) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
Дополнително се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

За сите информации и прашања можете да се јавите на телефон за контакт во општината: 032/22 66 22