Општина Делчево прва по транспарентност во источниот регион

Општина Делчево е една од двете најтранспарентни општини во Источно-планскиот регион со вкупно 56 бодови или 93,30% поени за проактивна транспарентност и бележи пораст за 4 места во споредба со мониторингот од 2021 г. Или од мониторирани 89 институции, општини и центрите за развој на планските региони, таа го дели третото место заедно со општините Берово и Битола со што и понатаму припаѓа во семејството општини со највисока транспарентност. ИПР и понатаму останува најтранспарентен регион со вкупно 70,28%.

Ова го покажаа резултатите од Извештајот за извршена проверка на објавените документи и информации кои општините и центрите за развој на планските региони во Република Северна Македонија, како иматели на информации се обврзани да ги објават на своите веб-страници. Мониторингот го реализираше Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во периодот од 10 април до 15 мај 2023 со кој беа опфатени 89 институции- општини и центрите за развој на планските региони.

Напредок во транспарентноста, Општина Делчево бележи и согласно Индексот за транспарентност со 88,60% и спаѓа во категоријата општини со многу добра транспарентност. Оваа анализа е извршена од УСАИД во рамките на Проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите со која се опфатени 24 општини.

Овие анализи на транспарентноста на Општина Делчево го дефинираат сериозниот пристап кон транспарентноста и отчетноста во работењето на општината. Активната транспарентност е најдобра алатка за транспарентност на една институција и помага за одговорно трошење на јавните пари, се промовираат принципите на добро владеење и интегритет, институцијата ќе биде поефикасна, бидејќи подобро ќе управува со информациите со коишто располага. За  постигнување на овие зацртани цели, Општина Делчево има донесено стратешки документ за надворешна комуникација, годишни програми за однос со јавноста, се изработува и е-информатор,усаи а редовно се објавуваат и ажурираат сите  документи согласно законската обврска.

Изминатиов период, Општина Делчево изврши адаптација и усогласување на веб-страницата согласно со насоките од Министерството за локална самоуправа и Кодексот за транспарентност на локално ниво.