Инженерски тим од АРМ почна со санација во Делчево

Инженерски тим од АРМ денеска влезе во Делчево, раководејќи се по утврден план од Министерството за транспорт и врски на санација на критични точки на ендеци и водотеци. Со тоа почнува новата фаза од санацијата на дел од последиците од невремето на инфраструктурата коешто го зафати Делчево на 8 јуни, а согласно со владината одлука за прогласување кризна состојба од поплави  во Делчево.

Се очекува деновиве во санација на штетите да се вклучат и екипи од ЈП за одржување и заштита на магистрални регионални патишта.

Координатор на активностите за санација е Центарот за управување со кризи.  

Силното невреме со пороен дожд и грмежи на 8 јуни во попладневните часови  предизвика оштетувања на дел од коловозите во градот и околината, а беа поплавени подрумски простории на куќи и други објекти во градот.