Отворени четири јавни повици за граѓански организации во Струмица

Течат деновите до кога граѓанските организации ќе можат да аплицираат со своите идеи и проекти на јавните повици што ги распиша општина Струмица.

Во тек е јавен повик за стратешки определби и политики кои се однесуваат на приоритетните области: Локален економски развој и Туризам, Заштита на животната средина, Култура и Млади, заради искористување на планираните финансиски средства во Активноста бр. 7 од Програмата G1 Поддршка на ЛЕР од Буџетот на Општина Струмица за 2023 година.

-Заради потребата од реализација на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на Локалниот економски развој и туризмот во 2023, Програма Г1- Поддршка на ЛЕР, односно реализацијата на Активноста бр 7- Проектни иницијативи од Граѓански организации, составен дел на истата и во таа насока вклучување на Граѓанскиот сектор во процесот на реализација на дел од стратешките документи како општински политики во рамките на приоритетните стратешки области, се наметнува потребата Општина Струмица преку Одделението за ЛЕР како надлежно одделение за реализација на програмата да спроведе јавна транспарентна постапка заради искористување на финансиски средства од Буџетот на општина Струмица за 2023 година планирани за таа намена, стои во повикот.

Највисокиот износ кој ќе се доделува за проекти е 250.000 денари, а најнискиот износ кој ќе се доделува за проекти е 60.000 денари.

Вториот повик е за прибирање предлог проекти/активности од Здруженија на граѓани и Фондации од Општина Струмица од областа на Социјална заштита во рамките на нивните годишни програми за 2023 година.

Ќе се доделуваат како финансиска поддршка на Здруженија на граѓани и Фондации од Општина Струмица за реализација на два проекти, односно проектни активности од областа на Социјалната заштита соодветни на нивните годишни програми на делување за 2023 година.

Третиот е за проекти од Програмата за Еднакви можности на мажите и жените, составен дел на Програмата за активности на Општина Струмица во областа на Еднакви можности на мажите и жените во 2023 година од Буџетот на Општина Струмица за 2023 година, ќе се доделуваат како финансиска поддршка на Здруженија на граѓани и Фондации од Општина Струмица за реализација на три проекти, односно проектни активности од областа на Еднакви можности на мажите и жените соодветни на нивните годишни програми на делување за 2023 година.

И последниот се однесува за прибирање понуди од Граѓански организации за Партнерска соработка со цел организација на Фестивал „Вело Струмица“ 2023

Повеќе информации има на општинската интернет страна.