На потегот од камениот мост на река Брегалница до штипскиот „Сити мол“, долж улицата „Слободан Јовановски“, ќе се направи тротоарска површина бидејќи се зголеми фреквенцијата на граѓани кои минуваат овде, па со цел нивното движење да биде олеснето и безбедно.
Штипскиот градоначалник кој денеска беше на увид заедно со директорот на претпријатието „Стипион“, кое ќе ја изработи тротоарската површина, рече дека дополнително улицата ќе биде и осветлена.
– Тротоарот е со должина од 80 метри и широк е 1,60 метри. Целата финансиска конструкција чини околу 420 илјади денари и очекуваме да биде завршен во текот на наредната недела, рече директорот Зајков.