Штип ќе добие уште еден кружен тек, овој пат во централното градско подрачје, кај црквата Св. Никола.

Градоначалникот Иван Јорданов вели дека со овој кружен тек ќе се зголеми безбедноста во сообрајќајот, прегледноста на возачите и пешаците, но и ќе се поправи визуелниот изглед на оваа собирна улица во градот.

– За реализација на ова решение, општината ќе инвестира 3,5 милиони денари и со истото ќе обезбеди безбедност за сите учесници во сообраќајот. Унапредувањето на сообраќајната инфраструктура е во фокусот на локалната самоуправа, вели Јорданов.