Штипски „Стипион“ распиша тендер за набавка на автобуси кои ќе го вршат градскиот превоз

Штипското јавно претпријатие за одржување на улици и патишта „Стипион“ го објави тендерот за набавка на автобуси и минибуси кои ќе го вршат јавниот превоз во градот.

„Договорниот орган спроведува Отворена постапка за доделување на договор за јавна набавка, која ќе заврши со спроведување на електронска аукција, како последна фаза во отворената постапка, со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) достапен на следнава веб адреса: https://www.e-nabavki.gov.mk, во согласност со член 41 и член 50 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 24/2019 и 87/2021) за што објави оглас. Ве молиме да ни ја доставите Вашата понуда за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка најдоцна­­­­­­­­­­­­­­­­ ­­­­­­­­­ до датумот 29-03-2023година утврден во Огласот (по локално време) исклучиво преку ЕСЈН (https://www.e-nabavki.gov.mk), притоа следејќи ги упатствата дадени во ““Правилник за користење на ЕСЈН“ објавен во („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 64/2019 и 271/2019)“ – стои во тендерската објава.

Во тендерската документација се наведени сите информации кои можат да помогнат во изработката на понудата. Тендерската документација се состои од следните делови: инструкции за економските оператори, технички спецификации, задолжителни одредби што ќе ги содржи договорот за јавна набавка и образец на понудата.

Сите информации можете да ги погледнете овде.