ЈП Плачковица во Општина Карбинци започна со изградба на нов крак на водоводна линија во селото Карбинци.
„350 метри ќе биде продолжена линијата со можност да се приклучат повеќе викенд куќи во овој дел на Карбинци со вода за пиење,“ информира градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов.