Штипскиот градоначалник Јорданов очекува поголем буџет за идната 2023 година, откако годинава општината имаше историски највисок буџет. Изминатава година градоначалникот вели Штип имал и највисока стапка на реализација на буџетот.

– Ме радува фактот што најголем дел од средствата ќе бидат вратени назад кон граѓаните во форма на капитални инвестиции. Тоа е доказ дека општината изминатава година работела во насока на тоа да ги прибере основните средства со кои треба да располага за практично тие да се вратат во форма на капитални инвестиции, вели Јорданов.

Тој потенцира дека во изминатите неколку години во Штип обврзниците на данок на имот и сите други форми на комунални такси не биле информирани дека треба да си ја завршат својата граѓанска обврска, немало уредна достава, па по основ на ова не се реализирал целосно буџетот на Општина Штип.

– Со самото тоа што направивме уредна достава годинава, дојде до покачување на основниот буџет, вели Јорданов.