Иако скромно, Штип годинава нема да го прерипне украсувањето и повторно ќе светне за Нова година. Првиот човек на градот очекува новогодишните реквизити во центарот на градот да бидат поставени до празникот Св.Никола.

Освен традиционалното украсување и годинава во градот ќе има новогодишен базар на Плоштадот Слобода.

– Базарот е предвидено да биде последната недела од годинава. Програмата е најмногу за најмладите, децата од градинките и основните училишта. Ќе имаме аниматори и претстави, вели Јорданов, кој најави дека ќе бидат објавени и програмата, а и повикот за оние кои сакаат да учествуваат во него.