Општина Карбинци е меѓу највисоко рангираните општини во државата во интензитетот на даночната транспарентност за 2022 година.

Рангирани со 60%, и пораст од 20% во однос на минатата 2021 година, покажува анализата.

„Од последните 7 години, во 2022 година општина Карбинци има највисока ранг позиција во однос на активната транспарентност кај ЕЛС со 46.4% што е за 4,4% повисоко од 2021 година,“ објави градоначалникот Виктор Паунов на својот ФБ профил.