Изградбата на цефководите е завршена, останува уште да се доврши изградбата на пристапниот пат до филтер стаицата. Според градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов во текот на овој месец би требало да потече водата од Х.С Злетовица до домовите на осум населени места во општината.

„Техничките услови, тоа што беше обврска на Општина Карбинци се завршени. Веќе го добивме сертификатот од Белград за исправноста за водата,“ вели градоначалникот Паунов.

Што се однесува до цената на водата, Паунов вели дека тоа не е обврска на општината, туку истата ја утврдува регулаторната комисија, но се надева дека нема да има некое драстично зголемување.

Повеќе детали за постапките од аудио изјавата на градоначалникот Паунов.