Со помош на средства од програмата за развој на селата, жителите на село Таринци ќе добијат нова реконструирана главна улица. Потпишан е договор со Бирото за регионален развој, со кој Општина Карбинци од оваа програма ќе добие 6 милиони денари за реконструкција на улица во оваа село.

„Заедно со директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи, потпишав договор за реконструкција на улица во село Таринци. Обезбедивме финансиски средства во висина од 6.169.998 денари од програмата за развој на селата. Главната улица во Таринци ќе биде целосно реконструирана со тротоарско решение и атмосферска канализација,“ информира градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов.

Неделава заврши и асфалтирањето на малото спортско игралиште во Карбинци. Деновиве ќе биде завршено оградувањето и поставувањето на кошеви, стативи и нови рефлектори.