Каналот ,,Герен” во Долни Балван наскоро ќе биде урбано уреден со плоштад и партерно решение, информира градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов.

„Изработен е проектот со кој ќе аплицираме наскоро по една од програмите кои ќе ни бидат достапни за да обезбедиме средства за реализација,“вели Паунов.

Урбано уреден проштад, заедно со целокупната пропратна инфраструктура со што би се подобрил квалитетот на живот за жителите од оваа урбана рурална средина е едно од ветувањата кое што би требало да се реализира во најскоро време, додава Паунов.

Во меѓувреме , локалната самоуправа работеше на подобрување на безбедноста во сообраќајот. Поставени се лежечки полицајци на четири локации во Општина Карбинци.

Неколку нови реквизити се поставени во дворот на детската градинка ,,Кокичиња” за најмалите.