Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска е во еднодневна посета на Сплит, каде што оствари средба со неговиот колега градоначалникот Ивица Пуљак.

Во соопштението од кабинетот на штипскиот градоначалник се посочува дека двајцата градоначалници договориле рамка за соработка и продлабочување на традиционално добрите врски меѓу двата града.

На средбата со градоначалникот Пуљак, разговаравме за можноста за реализација на заеднички проекти во областа на културата, образованието, туризмот и спортот, се со цел продлабочување на соработката помеѓу двата града, посочува Јорданов.

Општините Сплит и Штип договор за збратимување имаат потпишано во 1980 година.