Во Дојран дневно се регистрираат по околу 6 илјади ноќевања како во апартманското така и во хотелското сместување Општинските власти се надеваат дека оваа лето ќе остварат предвидените 100 илјади ноќевања што на Дојран ќе му донесе дополнителен прилив на средства.

Првиот човек на Дојран Ангов вели дека ова година значително се вратија српските транзитни туристи кои покрај Дојранското крајбрежје одмараат и по неколку денови.

„Регистрираме околу 5000-6000 ноќевања дневно. Се надевам дека ќе оствариме тој минимум од 100.000 ноќевања. Ме радува фактот што српските туристи, не само остануваат една ноќ, туку остануваат по неколку денови во Дојран“, вели Ангов.