Подобри услови во училиштата, мотивирани и успешни ученици, тоа им го вети градоначалникот на Општина Дојран Анго Ангов на учениците, кој заедно со директорот на ООУ „Кочо Рацин“ им посака топло добредојде на првиот училиштен ден, особено на првачињата кои за прв пат седнаа во училишните клупи.

 

„Првиот училиштен ден е еден од најзначајните за децата и токму во оваа прилика сакам на сите првоодделенчиња во Општина Дојран да им го честитам почетокот на нивното школување, да им посакам добро здравје, успех, да станат вредни и квалитетни граѓани, кои што ќе се вклопат во општествената заедница и ќе придонесат за развој на нашата земја. Им посакувам успешен почеток и на сите други ученици, на денот кога го започнуваат овогодинешното школување.

Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата уште еднаш ја потенцирав нашата заложба дека како локална самоуправа, постојано ќе вложуваме во училишната инфраструктура, во наставниот кадар и мотивирани ученици, се со цел учениците во општина Дојран да бидат меѓу најдобрите, ‘ кажа градоначалникот Ангов.