Првачињата кои се запишани во основните училишта во Општина Штип
годинава на својот прв учичишен ден ќе добијат ранчиња, училишен прибор и маички. Штипскиот градоначалник Јорданов вели дека акцијата ја спроведуваат поради енормните покачувања и финансиската криза која владее во државата.

– Благодарение на општествено одговорни компании успеавме да ги обезбедиме овие пакети и сакаме на ваков убав начин да им посакаме успешен старт на учебната година на првачињата, вели градоначалникот Јорданов.

Својот прв училишен ден низ штипските училишта утре ќе го имаат 486 првачиња.