Патување по Европа за десетте најдобри матуранти обезбеди Општина Делчево

По две години пауза поради корона кризата, оваа година најдобрите 10 матуранти ќе го остварат своето европско патување на сметка на Општината Делчево.

Групата најдобри ја предводи Матеја Златковска, ученичка од 4-2 клас во СОУ „М.М.Брицо“, која е прогласена за првенец на генерацијата од завршните класови. Ова е одлуката на Комисијата составена од професори од училиштето која ценејќи ги постигнатите резултати и успех во досегашното образование, го одбра првенецот на генерацијата од завршните класови, како  и најдобрите 10 матуранти кои ќе добијат наградно патувањето низ Европа, награда која традиционално ја доделува Општина Делчево на 10-те најдобри матуранти во СОУ „М.М.Брицо“.

По претходно спроведена постапка, критериуми, утврдени во Правилникот за истакнување , пофалување и наградување на ученици од страна на Комисијата формирана за таа цел во СОУ „М.М.Брицо“ беа избрани следните ученици:

1.       Матеја Златкова ученичка во 4-2 клас

2.       Антони Цонев, ученик 4-1 клас

3.       Марија Мишева, ученичка во 4-1 клас

4.       Анастасија Ангелова, ученичка во 4-1 клас

5.       Матеја Спасовска, ученичка во 4-1

6.       Ели Енѓовска, ученичка во 4-1

7.       Марија Петровска, ученичка во 4-2 клас

8.       Теодора Лазаревска, ученичка во 4-5

9.       Теодора Богдановска, ученичка во 4-1 клас

10.   Христијан Симоновски, ученик во 4-1 клас

Инаку, генерацијата матуранти 2018-2022 е 61-та генерација матуранти од делчевската гимназија, која брои 102 ученици.

Матурантите в петок (20.05.2022 година) ќе ја прослават матурската вечер со дефиле низ градот и забава во ресторан.