Започнаа работите за инсталирање енергетски ефикасно осветлување во градскиот парк во Делчево

Започна инсталацијата на нови 138 енергетско ефикасни светилки во градскиот парк во Делчево,  кои треба да ја постигнат ефикасноста во флукси и да придонесат во потрошувачката на електрична енергија во овој дел од градот. Покрај инсталацијата на светилките, ќе бидат набавени и поставени нови 10 канделабри, 4 клупи и лед- диодни рефлектори за летната сцена во градскиот парк во Делчево.

Работите на терен ги изведува фирмата ИНФИНИТИ ЕНЕРЏИ СОЛУШНС, а во моментов течат земјени работи за поставување инсталација за новите 10 канделабри. За реализација на проектот се обезбедени сите потребни материјали, како и материјали за изработка на клупи и бојадисување на сите столбови во градскиот парк.

Оваа иницијатива е произлезена од бизнис- заедницата и граѓанскиот сектор, а беше прифатена од Општина Делчево. Иницијативата е финансиски потпомогната од Мрежата за рурален развој на Македонија преку Проектот за поддршка на заедницата УСАИД. Вкупната вредност на проектот е околу 2. 500 000 денари.

Со реализацијата на проектот ќе се подобри осветлувањето во централното градско подрачје на Општина Делчево, но ќе се бележи и значителна заштеда, како за потрошена електрична енергија, така и заштеда за одржување.