Со обемната реконструкција на подрачното училиште „Сандо Масев“ во Баница, Општина Струмица ги приведува при крај обемните работи на обнова и изградба на нови образовни објекти. Подрачното училиште во Баница е целосно реконструирано, во што се вложени 9 милиони денари општински пари и од МОН, додека 208 ученици добија нови, современи простории, рече при посетата на училиштето градоначалникот Костадин Костадинов.
-Со реконструкцијата на училиштето во Баница уште еднаш ги потврдуваме нашите заложби дека за нас зборот е збор и ако нешто сме ветиле на територијата на општина Струмица, дали станува збор за урбаниот дел или населените места, ние тоа го реализираме. Затоа, благодарам на поддршката којашто ни ја давате, ваше е да не мотивирате, а наше да работиме во ваш интерес, рече градоначалникот Костадинов.
Претходно беше обновено подрачното училиште во Добрејци, а наскоро се очекува да биде завршена новата спортска сала, наменета за учениците од ОУ „Маршал Тито“ од Муртино, но и за сите жители.
Од Општината Струмица соопштуваат дека спортот и образованието на најмладите останува на високото место на приоритети.