Штипската зоолошка градина доби нови жители – два ламури и две коати кои се донација од скопската зоолошка градина. Директорот на ЈП Исар, под чија надлежност е зоолошката градина, вели дека условите овде дозволуваат одгледување на ваков вид животни.

– Лемурите и коатите се хранат со сезонско овошје и зеленчук. Живеат на температури идентични на нашите, па нема да има проблем со прилагодувањето ни на живеалиштата, ни на храната, рече Здравков и додаде оти дел од храната се набавува преку донации, а со оглед на тоа што Исар има надлежност врз пазарот, дел може да доаѓа и одовде.