Со велосипедско дефиле низ улиците на централното градско подрачје Општина Пробиштип по 12ти пат го одбележува Денот на планетата земја.
Градоначачникот Драган Анастасов вели дека сакаат да испратат порака за поголема употреба на велосипедите наместо автомобили, а целта е да се намали аерозагадувањето и да се допринесе за почиста и поздрава животна средина.
Во таа насока општината изминативе две ги субвенционираше граѓаните на Пробиштип за купен велосипед, така и за оваа година се предвидени средства и наскоро ќе објави повик, рече Анастасов.