Во нова уредена пешачка патека која што ќе се простира до граничниот премин, ќе уживаат туристите и посетителите на Дојранското езеро.
Започна реализацијата на проектот за изградба на пешачка патека, паркинг простор и потпорни ѕидови спрема ГП Дојран во должина од 1.285м, а истите ќе се изведуваат паралелно со патниот правец R-1105.
„Со изградба на пешачка патека и паркинг просторот кон граничниот премин Дојран, ќе се уреди и овој дел од градот, а со тоа ќе стане попривлечно место за туристите од Југоисточниот плански регион, како и за туристите од цела држава и пошироко. Заедно со помош на Југоисточен плански регион продолжуваме да го возобновуваме и уредуваме нашиот туристички центар,“ информира градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов.
Проектот е финансиран преку Југоисточен плански регион и кофинансирање од Општина Дојран.