Општина Куманово неделава започна со реконструкција на инфраструктурата на спомен Костурницата од Втората светска војна.Екипи на повеќе јавни претпријатија и општината со механизација ги санираат оштетувањата околу локалитетот.

Овој монументален објект е под надлежност на Централната власт  но општина Куманово со сопствени средства и помош од приватни компании ,ќе ја спроведува реконструкцијата која што, како што беше најавено  ќе  треба да заврши за  еден месец.

Ќе се поставува урбана опрема а осветлувањето ќе биде целосно обновено, информираше градоначалникот Максим Димитриевски на почетокот на активностите.

,, Веднаш по средување на локацијата од страна на ЈП „Чистота и зеленило“ ќе се преземе целосна обврската да го одржуваат, а воедно ќе воведеме и чуварска служба бидејќи оваа локација многу често е предмет на вандалско однесување на поединци. Нема да го дозволиме тоа во иднина и воедно се надевам дека час поскоро државните надлежни органи ќе преземат активности во делот на реконструкција на спомен обележјето кое што е од големо значење не само за кумановци туку и за сите граѓани на Република Македонија, изјави Димитриевски.

Директорот на Јавното претпријатие ,,Чистота и зеленило,,Даниел Стојчевски вели дека се засадени околу двесте нови садници,но дека истите се уништуваат од несовесни граѓани.

,, Имаме поставено дежурни служби кои што ќе работат на одржување на овој објект во три смени меѓутоа ќе се работи на физичко обезбедување на самиот простор. По завршувањето на работните зафати од страна на општина Куманово, Одделението за комунални работи ние како јавно претпријатие ќе влеземе тука во процес и сите зелени површини ќе ги уредиме и ќе направиме нови насади на цвеќиња и на дрвја, изјави Стојчевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“.

Несовесните граѓани редовно ги уништуваат и светилките.Во рамките на оваа реконструкција на објектот, ќе се обноват и сите светилки, иако новото осветлување било поставено пред само четири години ,информираше директорот на ,,Кумнаново паркинг“,Фадиљ Шабани.

,, На овој локалитет пред четири години беше поставено целосно осветлување , но за жал сите гледаме дека тука осветлувањето комплетно е уништено, и сите заземавме став дека повторно ќе го  поставиме осветлувањето, изјави Шабани.

На оваа локација се одржа и свечената централна манифестација во одбележувањето на празникот ,,11 Октомври“,за прв пат заедно со општина Прилеп.