Презентација „Како до поддршка од Советот“ во рамки на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“, одржа претседателот на Советот на Општина Крушево, Андреј Николовски.

„Како од идеја, преку обработка, па се до добивање на поддршка од Советот на општина Крушево. Овој процес е навистина значаен за да се добие поддршката од советниците за еден проект да може да се финансира и реализира.“, изјави претседателот Андреј Николоски.

Презентацијата беше дел од тридневна работилница во која млади луѓе од Пелагонија ги презентираа своите проекти и ги добија сите потребни информации од општините за нивна реализација. На работилницата учествуваа млади луѓе од Крушево како претставници од невладина организација.

Целта на „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ е да го зголеми граѓанскиот активизам на младите од Пелагонија. Предводник на проектот е невладината организација Про Локал во партнерство со општините од регионот и 10 невладини организации. Проектот е финансиски поддржан од Кралството Холандија.