За две недели треба да започне проширувањето на најкритичната штипска крстосница во населбата „Сењак“. Станува збор за крстосницата меѓу улиците „Сремски Фронт“ и „Борис Крајгер“. Оваа улица не само што е меѓу најкритичните туку е и меѓу најфеквентите улици во градот. Во дневните шпицови, според направените мерења, на оваа крстосница поминувале и по 1200 возила во еден час. Според информациите од Сообраќајниот инспектор Оливера Блажевска, крстосницата ќе се прошири а ќе добие и светлосна сигнализација. Објкетите и препреките кои зафаќаат дел од проектираното решение за реконструкција и проширување на оваа крстосница ќе бидат одстранети, за што сопствениците веќе ги добиле решенијата.
„За крстосницата со улиците „Сремски фронт“ и „Борис Крајгер“, предвидено е ново сообраќајно решение, коешто вклучува променет режим со воведување на светлосни сигнали и зголемување на опфатот на ниво на крстосницата. На оваа крстосница со последното броење утврдено е дека во критичните часови има проток на возила од 1200 на час, со еднакво оптеретување на главната и споредната улица. Поради тоа предвидено е регулирање на оваа крстосница со светлосни сигнали коишто ќе бидат фиксни, со фиксно зелено време, без променливо времетраење. Опфатот на крстосницата предвидува зголемување со предвидување на ленти за исклучување. Улицата „Борис Крајгер“ има три сообраќајни ленти од коишто по една во правец и една за исклучување, додека улицата „Сремски Фронт“ лентите за исклучување се во самото ниво на раскрсницата. Со оваа решение ќе се зголеми нивото на безбедност на крстосницата, а ќе се зголеми и нивото на услуга,“ Образложи Блажевска.
Комуналниот инспектор , Борче Везенков, вели дека решенијата се доставени до сопствениците на објектите коишто треба да се остранат и се надева и верува дека тоа ќе се направи навреме, за да може изведувачот на проектот навреме да започне со работа.
„Доколку ообјектите не се остранат во рок од десет дена, тоа ќе го направи општината, но на сметка на сопствениците,“додава Везенков.
Рокот и динамиката на реализирање на реконструкцијата ќе зависи од изведувачот, но мора да се завши што побргу затоа што станува збор за доста фреквентна крстосница, вели Блажевска.
По завршувањето на овој проект, следна за ново сообраќајно решение е улицата „Партизанска“коешто предвидува продолжување на булаварското решение во правец кон населбата „8-ми Ноември“, се до влезот на населбата „Баби“, информираат од локалната самоуправа.