Во четврток во Штип повторно ќе се прска авионски против комарци

Општина Штип информира дека преку овластена фирма, на 25 август 2022 година (четврток) на територијата на општината ќе спроведе авионска дезинсекција, со цел уништување на возрасните комарци. Запрашувањето ќе се спроведува во периодот  од 05:00 до 07:30 часот наутро.

Со третирањето ќе биде опфатено централното и приградско подрачје, како и течението на река Брегалница, река Отиња и зелените површини во урбаните населби на територијата на општина Штип со површина до 850 хектари.

Третирањето ќе се изведува со препаратот  KULFAK 50 EC со активна супстанца cyano(4-fluoro-3-phenoxyphenyl)methyl)-2-(2pyrldyloxy)propil.

Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд и др.) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Воедно, се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

За сите информации и прашања можете да се јавите на телефон за контакт во Општина Штип: 032/22 66 22