Крушевчанецот Ставре Јада по втор пат ќе настапи на Зимски олимписки игри. Игрите ќе се одржат во Пекинг од 4-ти до 20-ти февруари. Олимпиецот Јада ќе настапува на спринт од 1,4 километри и во маратонот од 50 км.

„По втор пат учествувам на едни Олимписки игри во мојот спорт нордиско скијање. Претходно бев учесник на Игрите во Јужна Кореа во 2018-та година. Од 4-ти до 20-ти февруари повторно ќе ги претставувам боите на Македонија.“, изјави Ставре Јада

Општина Крушево и градоначалникот Томе Христоски му посакаа успешен настап во Пекинг.