За зимската сезона штипското ЈП Стипион обезбеди три специјални возила за чистење на снегот во градот, а претпријатието има доволни количини сол и песок.

Новите возила се инаку набавени од кумановска фирма, а претпријатието ќе ги има на користење во период од една година. Ќе се плаќаат само за користење, односно по тоа колку часа ќе бидат употребени, а не и за тоа што престојуваат во Штип.

– Распишавме јавна набавка и на мое големо задоволство потпишавме договор со кој обезбедивме три камиони, односно специјални возила со нож пред возилото и соларка, кои ќе ни помагаат граѓаните да се чувствуваат сигурно кога ќе има снежни врнежи во градот, вели директорот Игор Ефтимов.