На 125-тата седница Владата на Република Северна Македонија ја задолжи Агенцијата за млади и спорт да отпочне постапка за поставување/изградба на 15 фитнес зони. Една фитнес зона ќе биде изградена и во Крушево со што младите ќе добијат уште едно спортско катче.

„На пролет добиваме нова фитнес зона Младите ќе добијат уште едно спортско катче во Крушево. Владата ја задолжи Агенцијата за млади и спорт да отпочне постапка за поставување/изградба на 15 фитнес зони ширум државата, меѓу кои и Крушево,“ напиша градоначалникот на социјалната мрежа Фејсбук.