Снежите врнежи во Крушево продолжија и денес. За нормално функционирање на градот, ЈП „Комуна“ работи на расчистување на улиците и овозможување на безбедно движење.

Со ровокопач се расчистуваат поголемите улици во град Крушево, а во центарот на градот, се чистат скалите кои водат од градскиот плоштад „Никола Мартиновски“ до градскиот парк.

„Продолжуваме и денес со работа затоа што снегот врне од утрово. Улиците се проодни и тековно се чистат, а се оспособува пристапот во центарот на градот. Сите пријави и информации граѓаните да ги доставуваат до нас.“, изјави ВД директорката на ЈП „ Комуна“ Крушево Станка Ефремова Трајкоска.

Граѓаните и посетителите за информации, барања и поплаки можат да се обратат на телефонскиот број 048 477 169 , да остават порака на komunakrusevo@yahoo.com

или на Фејсбук страницата на ЈП Комуна Крушево.