Општина Крушево ги потсетува граѓаните, дека истекува рокот за плаќање на Данок на имот. Граѓаните што не го направиле тоа, да го направат зошто ќе следуваат опомени.

„Одделението за администрирање приходи започна со подготовка на известувања и опомени до граѓаните за подмирување на обврските за данок на имот. Во наредните денови истите ќе бидат доставени до граѓаните и апелираме на подмирување на сите обврски навремено и целосно. Ги известуваме граѓаните дека доколку не се подмират обврските општината ќе пристапи кон присилна наплата. Сите заостанати долгови ќе бидат наплатени,“ велат од Локалната самоуправа.

Плаќањето на давачките кон општината не само што е обврска туку претставува еден процес кој се враќа повторно кон граѓаните. Плаќањето на даноците значи дека општина Крушево ќе има средства за активности и проекти кои се од општествен интерес. Уплатените пари од страна на граѓаните повторно се враќаат назад и овозможуваат развој на општина Крушево.