Поради енергетската криза, Град Скопје ќе го раскине договорот за новогодишно украсување на градот 

Како што информираа од Град Скопје преку писмено соопштени, градот побарал раскинување на договорот со „Линк медиа плус дооел“ за новогодишно украсување на градот во вредност од 14.986.000,00 денари односно 243.000,00 евра, потпишан од страна на ексградоначалникот Петре Шилегов.

Оваа фирма била единствена која доставила понуда на јавниот повик, кој беше објавен во септември, а договорот потпишан на 3 ти месецов.

„Соочени со енергетската криза која е во тек, а имајќи во предвид дека државата набавува електрична енергија со драстично повисока цена, како и во согласност со Владината одлука за прогласена кризна состојба во енергетскиот сектор, сакаме да ја информираме јавноста дека Град Скопје побара раскинување на договорот со Линк медиа плус дооел за новогодишно украсување на градот во вредност од 14.986.000,00 денари односно 243.000,00 евра“, стои во соопштението од Град Скопје.

Од Градот за следната година информриаат ќе набави украси кои ќе бидат во сопственост на градот, со цел како што велат ненаменско трошење на буџетските пари.

„Следната година наместо досегашната практика на ненаменско трошење на парите на граѓаните и ангажирање на компанија за украсување, Град Скопје ќе набави украси кои ќе бидат сопственост на градот со што ќе се заштедат значителни средства од градскиот буџет кои досега секоја година се трошеле за еднократен годишен закуп на овие украси“, стои во соопштението на Град Скопје.

Во меѓувреме на прес конференција, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска усно ја потврди оваа информација истакнувајќи дека причината за тоа е соочувањето со енергетската криза и намеснко користење на буџетските средства.

„На смао трет ден од мојот мандат, наидовме на предизвици кои неопходно е да се разрешат во овие 100 дена од мандатот. Она што сакаме да го направиме е да ги прекинеме сите ненамнски трошења кои не се соодветни односно граѓаните сметаат дека не треба да се прават, а до овој момент биле правени од буџетските средства. Ова е едно од тие трошења посебно во моменти кога сме соочени со официјално прогласување на енегретска криза. Најпрво да ги сочуваме и домаќински да работиме со средтсвата на скопјани. Сметаме дека среде една ваква енергетска криза треба да почнеме со штедење на средствата и да се трошат за работи кои скопјани ги сметаа за приоритет“, вели Арсовска.

За повеќе детали таа најави за утре, кога ќе  одржи и брифинг со новинарите.