Загадувањето на воздухот во главниот град бележи пад во првиот квартал од оваа година, во споредба со истиот период претходните години.

Државните мерни станици за месеците, јануари, февруари и март покажуваат праволиниски пад на нивото на ПМ10 честичките на територија на град Скопје.

Групирањето на податоците, посебно на квартално и годишно ниво, овозможува исклучување на приликите како метеоролошки влијанија, кои што на месечно ниво може да ја компромитираат сликата. Односно, доколку примерокот на анализирани податоци е поголем, може да бидат донесени заклучоци кои пореално ја прикажуваат фактичката состојба, на подолг рок. До сега, највисоки вредности биле измерени во 2017 година кога имало дури 365.5 ПМ10 μg/m3. Од тогаш, вредностите се во постојан пад. Дополнително, покрај постојаниот пад, доколку се вратиме само неколку години наназад, ќе видиме дека нивото на ПМ10 μg/m3 за само 4 години паднало речиси три пати.


Ако до пред неколку години Скопје беше градот кој се наоѓаше на врвот на листите на најзагадени градови, оваа година може да се пофалиме со 380 то место, според IQair, и покрај тоа што оваа година ги немавме оние вонредни мерки кои беа спроведувани од страна на Град Скопје со цел да се влијае на намалување на загадениот воздух.

Во борбата против тивкиот убиец треба да се пркоси со спроведување на политиките кои се наочени кон намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух, и тоа преку продолжување на засилените инспекциски контроли,расчистувањето на дивите депонии, подигањето на нови зелени површини и подигањето на остатоците на стрништата од страна на градот. Токму во ове може да се вклучат и граѓаните преку помасовното пријавување пријавување на огнови на отворено, да користат велосипеди, електрични тротинети, да ги искористат субвенциите за чистење на оџаците и за купување инвертори.

Преземено од: Centar