Конститутивната седница на советот на општина Крушево ќе се одржи во понеделник, (први ноември), во салата на Советот во горната училишна зграда. Седницата ќе започне во 11 часот

Според дневниот ред за седницата, ќе се донесе деловник за работа, ќе се утврди Верификациона комисија, која што ќе ги верифицира мандатите на членовите на Советот.

На седницата според предложениот дневен ред, ќе се бира и Претседател на Советот а ќе треба да се изберат и членови за Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.