Само четири дена и со скратена програма, поради ковид пандемијата, ќе се одвива овогодишното тринаесеттото издание на меѓународниот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“, што ќе почне во вторник.
Домот на културата „Тошо Арсов“ е подготвен за новиот предизвик.
Годинава манифестацијата ќе трае само четири дена, со скратена програма поради ковид пандемијата. Традиционално, отворањето ќе биде со изложбата на карикатури што пристигнаа на меѓународниот конкурс, а трите најдобри ќе добијат награди од стручната жири-комисија.
По изложбата на карикатури и прогласувањето на победниците, театарот „Провокација“ од Скопје ќе ја изведе романтичната комедија „Разведи ме“ во режија на Роберт Ристов.
В среда, во 19 часот ќе се одржи вечерта на македонски афоризми, на која ќе учествуваат познати домашни афористичарски имиња. За в четврток, во терминот од 20 часот е најавена монодрамата One woman comedy show во изведба на Надица Петрова од театарот „Златен Елец“ од Скопје.
На 29 октомври, на последниот фестивалски ден, за учениците од виничките училишта ќе се одржат и едукативни часови по карикатура, хумор и сатира,
Фестивалот „Ин Виница веритас“ и годинава ќе се одржи под покровителство и со финансиска поддршка на Општина Виница и локалниот бизнис-сектор.