Реконструкцијата на улицата Лука Геров во населбата Даме Груев – општина Ѓорче Петров е во завршна фаза.
Екипи на Град Скопје го почна асфалтирањето на улицата, на потегот од надвозникот до воениот отпад, со вкупна должина од 1648 метри.
![](https://mojaopstina.mk/wp-content/uploads/2021/10/luka-gerov-1.jpg)
Станува збор за исклучително важна улица која претставува главна сообраќајна артерија на скопската населба Даме Груев, но истовремено е дел од единствениот пат до населбите Ново Село, Кисела Јабука, Никиштане, Волково и Кучково.
![](https://mojaopstina.mk/wp-content/uploads/2021/10/luka-gerov-3.jpg)