На официјалниот почеток на есента, Општина Виница, симболично го одбележа и „Светскиот ден без автомобили“. Секако најмладите беа главните актери.
„Денешната дата, 22 Септември, покрај тоа што е гласник на почетокот на есента, исто така е важна затоа што се одбележува и „Светскиот ден без автомобили“.
По тој повод дел од дечињата од ОЈУДГ „Гоце Делчев“ – Виница симболично го одбележаа овој ден со пешачење, возење на тротинети и велосипеди,“ информираа од локалната самоуправа.
Овој ден има за цел да ја крене свесноста кај луѓето за зелените, еколошки транспортни решенија, односно здравиот транспорт.
„Нека „Светскиот ден без автомобили“ биде пример за тоа како нашите градови може да изгледаат, да се чувствуваат и да звучат без автомобили,“ гласи пораката од Општина Виница.