Општина Струмица го одбележа Денот на заштитниците, Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици. Во истоимената црква се одржа Света Божествена литургија на која што присуствуваа претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, градоначалникот Коста Јаневски, пратенци во Собранието на Република Македонија, членови на Советот на општина Струмица и голем број граѓани.
Одбележуњето продолжи со свечената седница на Советот на општина Струмица која се одржа во големата сала на центарот за култура „Антон Панов“. Пред претставниците на Македонската православна црква и другите верски заедници, дипломатскиот кор во државата, претставници на централната и локалната власт и поголем број пријатели на Општината и почитувачи на Светитe Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици зборуваше градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски.