Утре ( 25 август) во Општина Штип ќе се спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците.
Запрашувањето ќе се врши во периодот од еден до седум наутро, со апаратура за УЛВ запрашување, а ќе бидат опфатени зелените површини, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналниот систем на територијата на општината, урбаните населби и локалитети.
Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд и сл) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.