Договор за грант за обезбедување на опремено амбулантно возило за Здравствениот дом во Свети Николе, денеска потпишаа амбасадорот на Јапонија, Хиронори Савада и градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски. Јапонската амбасада, оваа година, која е година на пандемија, одлучила сите средства предвидени за мали грантови во износ од 540.000 евра, да ги намени за здравствените установи. Возилото за Свети Николе, намаменето и за жителите на Општина Лозово, е едно од десетте што се планирани за овој циклус на мали грантови.

– Договорот ќе овозможи купување на амбулантно возило за Здравствениот дом. Ова не е прв грант, којшто го добива Општина Свети Николе, преку оваа програма, ова е вториот. Првиот е за обнова на основно училиште во далечната 2000 година. Искрено се надеваме дека нашите мали проект овозможуваат подобар квалитет на општините, изјави јапонскиот амбасадор Савада.

Возилото за Свети Николе е во износ од 55.000 евра го надополнува не сосема функционалниот возен парк на Здравствениот дом „Гаврило Гаврилски“. Иако оваа јавна здравствена установа располага со пет возила, само со едно, и тоа јапонска донација од 2008 година може да се тргне на пат со пациент.

-Со добивањето на донацијата ново санитетско возило, кое ќе биде со компетна опрема внатре, не само што ќе се скрати времето на транспорт, туку ќе може и да се пружи здравствена помош, односно кардиопулмунално оживување, кислородна поддршка,  кажа на свеченоста на потпишувањето на одговорот за грант, директорката на Здравствениот дом Славица Панева.

Во време на пандемија, ова е вредна донација. Светиниколскиот здравствен дом освен редовната работа по двете општини, има задача да ги транспортира и болните со ковид, што со набавката на новото возило ќе се внесе дополнителна сигурност и за пациентите и за персоналот. Освен тоа, автопатот Штип – Миладиновци донесе дополнителна работа за светинколските медицинари.

Поради тоа, јапонската донација добива дополнителна вредност.

Грдоначалникот на Свети Николе Сашо Велковски, заблагодарувајќи се на донација кажа дела со јапонскиот амбасадор зборувале и за продлабочување на соработката.

-Разговаравме и за можностите кои ги дава Општина Свети Николе во привлекување на инвестиции, намалување на невработеноста, како и за можностите за прижање на здра вствена заштита на сите граѓани на Свети Николе и Лозово.  Благодарност на јапонскиот народ и Влада за донацијата од 55 000 евра. Пријателите се покажуваат во вистински момент, кога се справуваме со Ковид 19, не само на државно, туку и на светско ниво, изјави градоначалникот Велковски.

Свети Николе стана првиот град од предвидените шест кои со вода се снабдуваат од Хидросистемот Злетовица, кој е граден со помош на јапонската влада. Амбасадорот Савада најави програма за земјите до Западен Балкан.

-Јапонската влада веќе има некои планови и најави за посебна програма за земјите од Западен Балкан за социјално – економски развој, ние веќе ја промовиравме иницијативата за соработка со земјите од Западен Балкан и јас како амбасадор поради тоа сум многу возбуден, рече амбасадорот Савада.

Јапонија од 1998 година до денес има издвоено над седум милиони евра помош за Македонија.