Дневен билтен на Општина Штип – 03.07.2018

359

Прослава на Денот на независноста на САД
Денеска, 03.07.2018 г., на покана на амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли, градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, ќе присуствува на прославата на Денот на независноста на САД во амбасадата на САД во Република Македонија.

Настани во рамки на Штипско културно лето
Денеска, 3 јули (вторник) во УГ „Безистен“ Штип со почеток во 20:30 часот ќе се одржи концертот Viva bel kanto на студенти во класа на Б. Трајанов.

Исто така во ОУК Дом на млади со почеток во 22:00 часот ќе се одржи концерт на групата Mooger Fooger.

Средба со студенти од Универзитет „Кирил и Методиј“ Велико Трново
Вчера градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски оствари средба со шест студенти од Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Велико Трново во својот кабинет. Преку програмата Еразмус за практична програма, студентите од Велико Трново во наредните два месеци ќе претстојуваат во општина Штип како резултат на добрата соработка помеѓу Совет на Млади на Општина Штип и Студентскиот Совет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Велико Трново.

На овој состанок присуствуваа и Претседателката на Совет на Млади во Општина Штип, Викторија Кукушев, директорот на Дом на Млади, Горан Трајков и директорката на Центар за социјални работи Штип, Сузана Цветкова.

Четири од студентите ќе добијат работен ангажман во Дом на млади, а двајца во Центарот за социјални работи.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски на студентите им посака топло добредојде и им посака убав престој во општина Штип.

Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:
– Реконструкција на тротоар и атмосферска канализација на Булевар „ЈНА“
– Замена на улични светилки
– Реконструкција на крак од улица во населба Железничка
– Тампонирање краци од улици во населба Караорман

Работната единица Водовод и канализација при ЈП „Исар“ денеска ќе ги извршува следните активности:

  • Санирање дефект на водоводна линија на ул. „Скопска“, во парк К’ртеке и кај Стопанска банка
  • Поставување фекална канализација во населба Суитлак
  • Изведба на нова водоводна линија за населбите Балканска, Македонка и Чардаклија
  • Канализација – разни локации во градот

Работната единица Паркови и зеленило при ЈП „Исар“ ќе ги извршува следните работни активности:

– Косење зелени површини во населба Пребег
– Косење зелени површини покрај пешачка патека позади Исар
– Косење зелени површини покрај улица „Никола Карев“
– Косење зелени површини низ парк на улица „Скопска“ и низ населбата Дузлак
– Косење зелени површини во паркова површина во населбата Баби
– Косење зелени површини во коритото на река Отиња
– Косење зелени површини покрај магистрален пат од населба Железничка кон Кампус 4 при УГД