Свечено отворање на Штипско културно лето

Денеска, 29.06.2018 г., во Центар за култура „Ацо Шопов“ Штип со почеток во 20:30 часот ќе биде свеченото отворање на триесет и третото издание на Штипско културно лето. Оваа година Штипско културно лето започнува со концерт на францускиот сопран со штипско потекло, Елена Голомеова.

Во рамки на Штипско културно лето се бројни настани коишто ја збогатуваат културната понуда за граѓаните на општина Штип.

На 30 јуни (сабота) во ОМЦ „Киро Глигоров“ Штип со почеток во 20:30 часот е изложбата „Урбан пејсаж“ на Катерина Деспот.

На 2 јули (понеделник) во ОУК Дом на млади со почеток во 20:30 часот ќе се случи промоција на „Енциклопедија на македонската рок музика“

На 3 јули (вторник) во УГ „Безистен“ Штип со почеток во 20:30 часот ќе се одржи концертот Viva bel kanto на студенти во класа на Б. Трајанов.

Истиот ден во ОУК Дом на млади со почеток во 22:00 часот ќе се одржи концерт на групата Mooger Fooger.

На 4 јули (среда) во Народен театар Штип со почеток во 20:00 часот ќе се одржи театарската претстава „Амадеус“.

На 5 јули (четврток) во УГ „Безистен“ со почеток во 20:30 часот ќе се одржи вечер на современи соло песни со сопран Виолета Арсовска и Марија Максимова на пијано.

На 6 и 7 јули (петок и сабота) во Радио кафе Канал 77 со почеток во 20:30 часот ќе се одржи вториот интернационален фестивал на камерни хорови и пејачки групи (Градски хор Штип).

На 9 јули (понеделник) во ОМЦ „Киро Глигоров“ со почеток во 20:30 часот ќе се одржи изложба на студентите на Ликовната академија при УГД Штип.

На 10 јули (вторник) во ОУК Дом на млади со почеток во 20:30 часот ќе се одржи промоција на книгата „Пити Бој“ од Благица Ефремова.

На 11 јули (среда) во ОУК Дом на млади со почеток во 22:00 часот ќе се одржи концерт Jazzna.

На 12 јули (четврток во ПД „Вртешка“ со почеток во 20:30 часот ќе се одржи традиционалниот хепенинг „Вртешка“.

На 13 јули (петок) во УГ „Безистен“ со почеток во 20:30 часот ќе се одржи концерт Музичка разгледница Trio Grazioso.

На 14 јули (сабота) во ОУК Дом на млади со почеток во 22:00 часот ќе се одржи концертот на Јаков & бенд.

На 30 јули (понеделник) во ОУК Дом на млади со почеток во 22:00 часот ќе се одржи изложба на фотографии „ШТ рок подиум“.

Влезот на сите културни настани коишто се во рамки на триесет и третото издание на Штипско културно лето е бесплатен за сите граѓани.

Посета на директорот на Мировен Корпус во Македонија во ПУ „Гоце Делчев“ во Три Чешми

Денеска во 10:00 часот во посета на ПУ „Гоце Делчев“ во Три Чешми ќе биде директорот на Мировен Корпус во Македонија, Марк Ханафин. Тој ќе учествува на средба поврзана со завршетокот на летен камп на волонтери и проект поврзан со опремување на училишта.