На 25 август 2021 година (среда наутро) во Општина Штип ќе се спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците.
Запрашувањето ќе се врши во периодот од еден до седум наутро, со апаратура за УЛВ запрашување, а ќе бидат опфатени зелените површини, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналниот систем на територијата на општината, урбаните населби и локалитети.
Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд и сл) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.