Обезбедени се средства за изградба на дел од канализационата мрежа во Општина Конче. Станува збор за проектот „Фекална канализација за дел од с.Конче во Општина Конче“ со вредност од околу 18 милиони денари.
Проектот опфака канализационен крак во должина 3150 метри со кои ќе бидат опфатени сите домаќинства и ќе се решат долгогодишните проблеми со кои се соочуваме од старата канализациона мрежа.
Од општината најавуваат дека во најкраток период се планира да се започне со градежните активности.